Јоци за советникот на Тевдовски: Ги крена сите цени, па ќе се повлекувал

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци го парчоса на Фејсбук советникот во Министерство за финансии, Бранимир Јовановиќ, по објавата на избрканиот член на Левица дека се повлекува од позицијата.

„Браниславче, му го скршија носот на протести и као едно време ќе гинеше за народот, а чим си го смести газето у кожњак, одма крена акциза на нафта , па грлато го бранеше Тевдовски, дотаму да едно време тврдеа двајцава дека со тие пари ќе го чистеле воздухот.


Наместо тоа, ги крена сите цени во малопродажба, па сега ќе се повлекувал.

Се крие во ров, мисли ќе го заборават сите.
Маче, ја нема да те заборавам. Ааа, неее !

Биди сигурен дека ќе те лепам со слика во наредни 5 години како темен пример на службениче кое се ушлепа за кикиритки, ни го смести за да наполниш Буџет со даноци за да кркате ајкули и волови на скара, а сеа – кидавела“, напиша Јоци за сега веќе бившиот соработник на министерот за финансии Драган Тевдовски.

(ФОТО: Фејсбук-профил на Бранимир Јовановиќ)