ЈО: Претресот во финасиска полиција нема врска со фирмата „Беса транс“

Откако некои медиуми објавија дека претресот во финансиска полиција бил по пријава во врска со фирмата „Беса транс“ и трагичната автобуска несреќа во Република Бугарија”, со демант реагираа од Јавното обвинителство:

„Во барањето и обезбедената наредба за претрес во Управата за финансиска полиција е наведен предметот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција заради кој се спроведува претресот.

Тој предмет нема никаква поврзаност со трагичната автобуска несреќа во Република Бугарија. Предметот за автобуската несреќа во целост го водеа истражните органи на Република Бугарија, а Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапуваше по меѓународна правна помош упатена од Обвинителството на Република Бугарија.

Работата на компанијата ‘Беса транс’ се проверува во посебен предмет по кој постапува надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје“, се вели во дементот какошто пренесе „360 степени“

По неколку дневните „препукувања“ на релација Управа за финансиска полиција – Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во некои медиуми беше објавено дека ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција добило две пријави:

Првата за Управата, а втората се однесувала на станицата за технички преглед која водела контрола за исправноста на автобусот кој изгоре во Бугарија и со себе однесе 45 животи, пишува „360 степени“.