Осомничената медицинска сестра која се сомничи за кражба на цитостатици не е достапна за органите на прогонот.

„Јавното обвинителство против неа поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – „проневера“ во службата од член 354 од Кривичниот законик. Во текот на претходната постапка, Обвинителството обезбеди докази дека обвинетата, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, присвоила поголем број ампули со различна намена во вкупна вредност од 59.760 денари кои ѝ биле доверени во службата.


Ампулите ги изнесувала од работното место, а потоа ги оставала во автомобил со намера да ги предаде на друго лице“, појаснуваат од Обвинителството за МИА.

Медицинскиот директор на Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија, Виолета Клисаровска на почетокот од месецов информираше дека медицинската сестра е фатена во повторен обид за кражба и дека е отстранета од работа.

Граѓаните протестираа и бара одговорност за случајот Онкологија, односно затоа што се појавија информации дека персоналот на „црно“ продавал лекови на Косово.