ЈО истражува бизарна смрт во возило за смет на Комунална хигиена, директорката Мазнева го потврдила инцидентот

Во бизарен инцидент завчера животот го загубил вработен во скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“.

Шокот се случил кога работникот откако бил потиснат од контејнер, бил повлечен од хидрауликата на возилото за смет и бил пригмечен.

Директорката на „Комунална хигиена“ Косана Мазнева за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврдила несреќата.

„Да, точно е дека почина наш вработен. Го чекаме извештајот од Судска медицина кој треба да ни ги каже причините за смртта“, изјавила директорката Мазнева.

Скопското јавно обвинителство отворило предмет за несреќата, јавува СДК.