Словенечкиот пратеник Змаго Јелинчич реагира за објавата на Твитер од европратеничката Тања Фајон, во која лидерката на партијата Социјални демократи, изразувајќи сочувство за трагедијата во Македонија, го напиша Тетово на албански јазик.

„Ако некој не знаеше кој е авторот на нонпејперот за промена на границите на Балканот“, коментира претседателот на Словенечка национална странка (СНС).