Се зголемува јазот меѓу министрите и партиите во владеачката гарнитура за барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

Засега двајца министри ја прифаќаат фрлената ракавица од лидерот на опозиција Христијан Мицкоски кој заедно со претседателските избори бара и предвремени парламенарни избори.

Наспроти министерката за правда Дескоска и за администрација и ИТ Манчевски засега јавно против предвремени избори се вицепремиерот Кочо Анѓушев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

За Анѓушев изборите се опасни затоа ќе бидат блокирани и онака малкуте успешни економски проекти за кои е задолжен тој а за ДУИ опасноста е во Алијансата за Албанците и крилото на БЕСА на Касами кои ако одат во коалиција може да станат најголема албанска политичка групација.

Проценката на СДСМ е дека за успех на изборите прво мора да направи сериозен исчекор во ЕУ и НАТО што не може да се случи до изборите што ќе се случат во април.

Анализите покажуваат дека трендот на анкетите е лош за СДСМ и дека партијата треба да оди на избори додека не биде предоцна но дека тоа треба да се случи откако ќе се добие датум за преговори и конкретна одлука за влез во НАТО.

Неофицијално во владеачката партија како најдобар термин за предвремени избори се смета септември или почетокот на октомври.