Јавниот долг со рекорд од 60,2 отсто, трендот катастрофален (ВИДЕО)

Екс заменичката техничка министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска открива дека Македонија достигнала рекордно ниво на задолженост од 60,2 %.

Екс министерката предвидува дека до крајот на оваа година овој катастрофален процент ќе порасне поради најавениот нов долг од 450 милиони евра.

“Ако во 2016 година претставници на СДСМ велеа ˮНема правда кога јавниот долг вртоглаво расте” денес од оваа говорница ќе им порачам: Нема правда, ВИЕ Македонија ја однесовте во банкрот.

Ги прашувам сега: Aко нивото на јавниот долг од 48.8% од БДП кумулиран за 10 години владеење и две економски кризи го нарекуваа ГРЧКО СЦЕНАРИО, како го нарекуваат јавниот долг од 60,2% на крајот на 2020 година или од 6,5 милијарди евра, којшто и натаму ќе расте за дополнителни 450 милиони евра во 2021 година?

Се пофаливте дека каматата е најниска во регионот. Пак манипулирате. Србија и Хрватска се задолжија пред нас на подолги рокови, а со пониски каматни стапки. И двете земји со позајмените пари ги плаќаат вакцините кои навреме ги договорија и дистрибуираа до населението, а вие што плаќате?

Со оваа ВЛАДА народе и дупката во која западнавме нема ДНО”, вели Димитриеска Кочоска.