Координаторката на советничката група предводена од СДСМ, Љубица Јанчева, побара од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да си даде оставка откако денеска не се појави на вонредната седница на Советот на Градот, на која требаше да се расправа случувањата со „Комуналната хигиена“ и катастрофалната ситуација во Скопје откао минатиот викенд, но и сега, се соочува со натрупан смет.

„Градоначалничкe заминете си, дадете си оставка и ослободете го градот за да не доживееме уште каква било еколошка катастрофа“, побара Јанчева откако образлоќи дека на Градот му се случи еколошка катастрофа:

„Нам ни се случи катастрофа, еколошка катастрофа. Градот се чистел, се чисти и три точки. Градот треба да се чисти во континуитет. ЈП „Комунална хигиена имало проблем, но затоа имаме директорка, имаме и градоначалничка“, реќе Јанчева.

„Ве молам претседателе да ја повикате градоначалничката, директорката на Комунална хигиена да бидат во салата не заради овие советници, туку заради граѓаните“ побара координаторката на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Марија Андоновска, на почетокот на седницата и рече дека без присуство на градоначалничката на Скопје и на директорката на Комунална хигиена нема што што тие како советници би дебатирале.

Седницата по над 20 минути беше прекината со цел претседателот на Советот, Трајуко Славевски да контактира со градоначалничката Арсовска и директорката на ЈП Комунална хигиена и да го обезбеди нивното присуство…