Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека нема зборови со кои може да го објасни ова, според него, разграбување што го прават властите.

„Јас вчера објавив дека оваа власт е на национални штетници“ рече во гостување во утринската емисија на радио „Лидер“ Јаровски говорејќи за спорниот надзор на Коридорите 8 и 10Д и договорот помеѓу Владата и „Бехтел и Енка“

Ако се сеќавате ВМРО-ДПМНЕ го лоцираше проблемот уште на почетокот со тендерот на надзор. Не случајно бевме толку загрижени, толку директни и толку концизни, конкретни по однос на тој проблематичен тендер“.

Јаревски вели дека со договорот за надзор на „Бехтел и Енка“ им се даде можност односно улога да преговара за условите на договорот. Владата само го потпиша договорот. И не случајно е тоа, бидејќи истиот тој договор сега се крие.

„Сега имаме ситуација во која што имаме договор од 400-тини страни, што го направиле нашите „фантастични“ преговорачи за две недели, при што не знаеме детали што се има. Имаме договор од кој што излегоа само неколку страници во јавноста и за кои што сега имаме згрозеност, вџашеност од тоа што се би можело да бидат последици. И тие последици ќе се ревидираат со 9 законски решенија“, рече пратеникот.

Тој посочи дека поради неспособната и неодговорна Влада страдаат граѓаните и државата. Власта при својот демант не го приложи договорот, туку се уште го крие од пратениците и од јавноста.

„Произлегуваат пенали, 53 милиони евра мислам дека беше еднократно, 900.000 евра месечно и плус уште милион и 260.000 ако не ги смениме од 40 до 60 часа работно време, ако не ги направиме луѓето робови да работат и ако не направиме услови кои што тие ги бараат“, нагласи Јаревски.