Јапонски оперски пејач се подготвува да ја испее „Земјо македонска“

Големиот пријател на Македонија и на македонската песна, јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу од Токиската опера, објави дека се подготвува да ја отпее „Земјо македонска“.

Басот Котецу додава дека за во март на „Јутјуб“ ја подготвува и „Ти се колнам“, а за во април „Сватот посака да се напие“.

Тој досега ги отпеа „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“ и „Мој роден крај“ на „големиот Јонче Христовски“, како што самиот го означи бардот на македонската народна и патриотска песна, потоа „Болен ми лежи Миле Попјорданов“, „Кога падна на Пирина“…

 „Ако умрам ил’ загинам“ во изведба на Котецу: