Јапонија со помош од 857 евра за секој жител во коронакриза, дури и за странците

Владата на Јапонија реши да му даде 100.000 јуани (857 евра) на секој жител, независно дали е Јапонец или странец, за да ја помогне економијата погодена од пандемијата на коронавирус, изјави премиерот Шинзо Абе.

Власта прво планираше на домаќинствата со намалени приходи од почетокот на коронакризата да им подари по 300.000 јуани (2.750 евра), но се премисли и реши да му даде пари на секој граѓанин.

Оваа мерка е дел од планот за економско оживување во износ од околу 900 милијарди евра!

Јапонија има 9.787 заразени од Ковид-19 и 190 починати, а растот на бројот на инфицирани за 556 во последните 24 часа ја натера Владата вонредната состојба што првично ја воведе во седум региони, меѓу кои и Токио и Осака, да ја прошири на целата земја.