Јануари поскап за живот од декември

Во споредба со декември, трошоците за живот во јануари се зголемиле за 1,5 проценти, а цените на мало за 1,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Поскапеле чајот, кафето и какаото, потоа рибата и морските плодови, овошјето, пивото, виното, соковите, шеќерот, медот, чоколадото и кондиторските производи.

Зголемување има и кај централното греење за 14 проценти и електричната енергија за домаќинствата за 9,4 проценти.

Ваков месечен скок на цените не е забележан во изминатата деценија.

Спореден со јануари 2021, минатиот месец има зголемување од 6,7 проценти кај трошоците на живот, а за 7,3 проценти кај цените на мало.