Јанша објави тајна снимка за Сорос како спонзор на паравојна организација (ВИДЕО)

Словенечкиот премиер Јанез Јанша на својот Твитер профил реобјави тајна снимка која се посочува дека Џорџ Сорос и Том Стејер кој се обиде да добие демократска номинација за претседател на САД ја поддржувала паравојната милитантна организација Антифа.

Според објаснувањето на снимката Сорос и Стејер финансиски помагале организација која сака со протести и насилни методи да ги тргне од власт претседателот Трамп и неговиот заменик Мајк Пенс.

На идеоти се гледаат и обуки за членови на Антифа на кои се објаснува како да се повредат очи и други делови на телото.