Јанша искрен зошто Словенија не прима авганистански бегалци

Ниту еден бегалец нема да прими Словенија, ниту ќе дозволи да ѝ се повтори мигрантската криза од 2015 година, децидно објасни словенечкиот претседател Јанез Јанша во свое обраќање, пренесува МИА.

„Нема да си дозволиме да ги повториме стратешките грешки од 2015 година. Ќе им помогнеме само на поединци кои ни помогнаа за време на мисијата на НАТО и на земјите-членки на ЕУ кои ја штитат нашата надворешна граница“, објави Јанша на Твитер.

Дека тоа е навистина така зборува и фактот дека досега во Словенија е пристигнат само еден бегалец, преведувач од Aвганистан со неговото семејство.

„Не е должност на ЕУ или на Словенија да им помагаат и да ги плаќаат сите на планетата што бегаат, иако би можеле да се борат за својата татковина“, додаде Јанша во твитот..