Јани Бојаџи: В недела имаме избор да ја надминеме траумата

Режисерот Јани Бојаџи чиј филм Ругање со Христос беше забранет од министерот за култура и премиерот Заев со порака од Швајцарија каде сега го презентира филмот.

За Бојаџи Македонија во недела ќе има избор да дојде во ситуација да ја оствари својата цел.

“Драги мои, остварувањето на најголемата и највозвишената цел на мојата генерација – Македонија како дел од модерна Европа, од Идеал го претворија во Траума!

Траума која создаде меѓусебна недоверба и антагонизми кои, сега е сосема и секому јасно, нема бргу да завршат!

Знам Драги мои дека слушнавме многу лаги за тоа како утре, евентуално задутре ќе стигнеме на крајот од ова Македонско патување до Европа.

Имав проклета среќа, го прошетав светот, ја запознавам Европа од блиску, и верувајте ми, таму нема да стасаме со лаги и ветувања на кои тука никој, ама никој не им верува! Европа драги мои видела и поголеми и пострашни измамници од нашите.

Затоа тука се што прават е праведно и според законот. Знам дека сите си го поставуваме истото прашање: кој ќе не извлече од ова жива кал на изгубена надеж?

Имаме ли избор, се прашуваме? Знам дека најпосле имаме избор, ама имаме избор: универзитетски професор, правник, човек со професионален, човечки интегритет и најважното – животно искуство! Убеден сум Драги мои дека Гордана Сиљановска ќе биде претседател кој Траумата наречена Македонија дел од Европа повторно ќе ја врати на убавиот пат, на патот на идеализмот!

Ќе направам се тој пат Драги мои да го изодиме со одмерен ама сигурен чекор”, пишува режисерот на единствениот забранет филм во историјата на Македонија.