Јанева земала илјадници евра бонуси, но им давала и на соработниците

Катица Јанева за време на шефувањето со СЈО си доделила дополнителни 157.000 евра на име бонуси, а само за оваа година – земала 28.455 евра.

За периодот по престанување на функцијата таа побара – апанажа.

Износот на бонусите со посебна одлука лично таа го одредувала, но Јанева се грижела и за своите соработници.

Сите обвинители само во 2019 година земале по дополнителни 17 000 евра, или 7 месци по 150 000 денари. Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Гаврил Бубески, Артан Ајро, Стефчо Донев и Трајче Пеливанов  биле наградувани секоја година а најголемите додатоци  достигнувале до 181 000 денари, дознава „Телма“.

Дополнителни средства добивале и соработниците, административците и советниците во СЈО. Нивниот износ се движел од 30 000 до 60 000 денари. Додатоците биле исплаќани на различни датуми, некогаш и по два во месецот.