Јанева останува во Шутка за да не се обиде да бега


Апелациониот суд ја отфрли жалбата на поранешната обвинителка Катица Јанева и одлучи дека таа треба да остане во притвор во затворот во Шутка.

И покрај тоа што истрагата е завршена, Судот, процени дека постои можност за бегство.

Минатиот месец Кривичниот суд ѝ го продолжи притворот на Катица Јанева за нови 30 дена и ја одби понудената гаранција од три станови за да добие поблага мерка, по што следуваше и жалбата од Јанева.

Адвокатите на Јанева ќе бараат одново Кривичниот суд да ја преиспита одлуката и на Јанева да ѝ се одреди поблага мерка или куќен притвор.