„Се согласувам дека здравјето на граѓаните е на прво место. Се консултирав со Филипче и со Караџоски уште рано утринава, според нивните препораки дека протестот може да го загрози јавното здравје, решив да го одложам истиот“ изјави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој најави протест за преземање на лидерската функција во ВМРО-ДПМНЕ на протест што би се одржал на 4 ноември.
„ Но, тоа не значи дека отстапуваме од нашата цел Мицкоски да замине од челната позиција во партијата – вели Јанчев за Фокус.
„Ќе имаме конференции во повеќе градови, еден вид на онлајн протести, бидејќи партијата мора да застане на цврсти нозе“– вели градоначалник и поранешен потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.
Денеска за најавениот протест имаше и реакција.