„Во март 2020 година, Македонија не само што стана членка на НАТО, туку доби и зелено светло од ЕУ за да стане нејзина полноправна членка. Двете работи се случија со целосна поддршка од страна на Холандија. Иако она што требаше да биде свечен момент беше во голема мера засенето од ситуацијата со корона вирусот, прашањето повеќе не е ДАЛИ Македонија ќе стане членка на ЕУ, туку КОГА тоа ќе се случи“.

Ова го вели амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Холандија даде целосна поддршка за преговарачката рамка за почнување преговори на Македонија со ЕУ и заедно со останатите земји членки се согласи за почеток на преговорите; сите земји членки, освен една, Бугарија.

„Бугарија сакаше во преговарачката рамка да се додадат прашања од билатерална природа, на кои, според останатите земји членки, таму не им е местото. Бугарија во ова е сама. Исто така, треба да се запомни дека многу други држави мораа да решат тешки билатерални прашања пред да станат членки на ЕУ.

Во меѓувреме, сето ова не треба да се драматизира на начин на кој се чини дека се прави во моментов.

(…)
За сеприсутната корупција кај нас, амбасадорот вели дека е состојба на умот, од корупцијата во јавните набавки, кронизмот и непотизмот на највисоко ниво, кај градоначалниците, судиите, па сè до луѓето кои се подготвени да платат поткуп, оние кои носат шише виски кога одат на преглед кај доктор и оние кои во март носат подароци за учителките на своите деца.

Целото интервју на холандскиот амбасадор ТУКА