Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, ја искритикува власта за преголемо додворување на ЕУ поради што, во актуелната криза, македонскиот народ дополнително осиромашил.

– Начекаа будали Македонци кои се ќе дадат за ЕУ“, искоментира Јакимовски во во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

Тој искажа незадоволство од молчењето пред отворањето на бугарски културни клубови со имиња со фашистички контекст.

„Цар Борис е другар на Хитлер, таму да се стави и слика на Хитлер. што не направи тогаш српската заедница клуб за Павле Караѓорѓевиќ кој го потпиша Тројниот пакт. Ако властите се меки на овие прашања, тогаш доаѓаат избори на кои ќе паѓаат“, вели Јакимовски.