Јакимовски: Јас сум одговорен за многу работи во Карпош

Екс градоначалникот и кандидат за иден прв човек на Карпош Стевчо Јакимовски во пост на Фејсбук вели дека е одговорен за многу работи во општина Карпош.

За кои работи признава одговорност Јакимовски:

” 📌Јас сум одговорен за многу работи во Карпош.

🏞 Јас сум одговорен за кејот на реката Вардар, што луѓето шетаат и во ноќ.

⚽️🏀Јас сум одговорен и за спортските терени што младите спортуваат по цели ноќи.

🦺🌊 Јас сум одговорен што Карпош никогаш не се поплавува.

🏫🎒 Јас сум одговорен што децата одат во нови училишта, во нови градинки.

🛣 Јас сум одговорен што граѓаните возат по комплетно нови улици.

👠 Јас сум одговорен што ниедна штикла не гази по кал во општина Карпош.

☝️Јас имам многу големи одговорности. Јас сум одговорен и за зградите, вкупно во Карпош има 37 згради. Но се поставува прашањето, тие што биле пред мене и тие по мене, за што тие сносат одговорност и за што тие сносат заслуги.

Имаат ли за нешто одговорност⁉️
Имаат ли за нешто заслуги ⁉️
Еве нека набројат три проекта за тие 17 години!”, вели Јакимовски во видеото објавено од него.

https://www.facebook.com/317543505026156/posts/4333259540121179/