„Како да сме се вратиле во СССР, повторно бескрајни редици, покачување на цените, недостиг – и од што – јајца“, ја коментираат Русите ситуацијата со растечките цени.

Кога Русите одат на гости веќе не носат традиционално шише вотка или чоколадна торта, туку на своите домаќини им подаруваат – јајца.

Цените на јајцата во Русија се зголемени за повеќе од 60 отсто.

До недостигот на јајца дојде поради санкциите воведени кон Русија по конфликтот со Украина.

Увозот е повеќе од преполовен, а јајцата поскапеа, но тоа не е проблем колку што е многу тешко да се најдат во продавниците.

На пазарите се речиси поскапи од пилешкото, за кое според некои медиуми во самата Русија, исто така му се заканува недостиг, пренесува Jurarnji list

Имено, проблем е и невакцинирањето на кокошките, патките и гуските, бидејќи вакцините се увезуваат, а нема доволно храна за живината, која Русија најмногу ја увезувала.

Беше издадено одобрение за итен увоз на јајца од Турција и Азербејџан, но тоа сепак не беше доволно за да се покрие недостигот.