На денешната прес-конференција мандатарот Димитар Ковачевски беше прашан за скандалозната владина набавка на прибор за јадање.

Според документите што и ги објави ммс.мк целата набавка чини 37 илјади евра а едно парче чинија чини фантастични 88 евра.

Ковачевски денеска изјави дека нема увид и не може да увид во набавката која што кога ќе дојде на позицијата премиер може да ја разгледа и да поништи.

Извори во Министерството за Финансии каде Ковачевски во моментов е заменик министер тврдат дека Ковачевски има можност за увид во сите набавки на владата.

Изворите тврдат дека тој ако сака информациите за тањирите вредни над 5000 денари парче може да ги добие за 5 минути.

Ковачевски како заменик министер може веднаш да побара од Владата да ја преиспита својата одлука за набавка на скапиот есцајг а истовремено може да поднесе и претставка до Антикорупциската комисија, тврдат луѓе во Министерството за финасии кои ги знаат ингеренциите на заменикот министер и актуелен мандатар Ковачевски.

Два дена по скандалот со скапите тањири набавени од владата молчи Антикорупциската комисија која и самата може по допрен глас да ја разгледа скандалозната набавка.

Изјавата на Ковачевски за скапиот прибор за јадење на 10 минута и 30 секунди од овој линк:

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/1343331016111300/