Извршителите лани наплатиле над 120 милиони евра

Минатата година граѓани, но и фирми и државни институции добиле 100.760 барања за извршување, а од нив извршителите завршиле 44.889 предмети или 44 отсто.

При тоа, извршителите наплатиле вкупно 123.163.049 евра, што е сума иста со онаа наплатена во 2019 година.

Барања за присилна наплата на долг до извршителите дошле од фирми, од државата и од страна на граѓаните.

Одд граѓаните должници наплатиле 24.662.033 евра, од фирмите вкупно 89.485.148 евра, додека од државата наплатиле 9.432.440 евра. Плусинфо