Извршиле грабеж во Спомен куќата на „Мајка Тереза“

А.М.(22), Д.Ќ.(44) и еден малолетник, сите од Скопје, се осомничени дека во четвртокот извршиле разбојништво во Спомен куќата на Мајка Тереза на ул.„Македонија“, при што со закана со нож кон вработената, одзеле пари.

Тројцата се приведени во полициска станица, кај нив се пронајдени одземените пари и вратени кај оштетената.

За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.