Андриј Јусов, претставник на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, тврди дека украинските војници утринава извршиле десант на Крим.

Единиците на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана го извршија десанот како дел од специјална операција, сите задачи беа завршени, рече тој.


Одделно, тој за украинскиот јавен сервис Суспилна изјави дека специјалната операција е изведена во соработка со морнарицата и дека целите се постигнати, а меѓу украинскиот народ нема жртви.

Непријателот има загуби во жива сила и опрема. Се прецизираат информации за бројот на загуби, рече Јусов.

Претставници на Главната разузнавачка управа за РБК Украина изјавија дека украинската армија веќе се вратила по специјалната операција, откако ги завршила зададените задачи.

Русија прогласи анексија на Крим во 2014 година, што Украина не го признава, инсистирајќи дека Крим е нејзина територија.