Кабинетот на претседателот на Македонија се извини за превидот при официјалната посета на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на Скопје, пренесува ТВЦГ.

За време на средбата на двајцата претседатели, црногорското знаме било свртено наопаку.

„Ненамерен превид беше направен за време на поставувањето на црногорското знаме на тет-средбата на двајцата претседатели“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.