Извештај: НАТО е во криза!?

Алијансата е пред тест додека се подготвува да ја одбележи својата 70-годишнина, а НАТО треба да се справи со десет големи предизвици оваа година. Оваа долга листа ги вклучува предизвиците во самата организација.

„Најважен предизвик со кој НАТО никогаш претходно не бил исправен, е недостатокот на силно лидерство од страна на американскиот претседател“.

Ова се вели во Извештајот „НАТО на 70: Алијансата во криза“ . претставен од двајцата поранешни амбасадори на САД во НАТО Николас Барнс и Даглас  Лјут на Денешнта  55-та Минхенската конференција за безбедност.

Во извештајот се вели дека „ Доналд Трамп е првиот американски претседател, кој ја третира  ЕУ како економски ривал, а не како важен партнер на САД и НАТО.

Неговата анти-НАТО и антиевропска позиција ѕвонат на тревога во европските метрополи, каде ја доведуваат  под сомнение кредибилитетотна американскиот претседател како лидер на Западот за прв пат по Втората светска војна“, пренесува дел од извештајот News.bg.

Меѓу десетте предизвици со кои оваа годиа се соочува Алијансата се враќање на европската одбранбена сила; одржување на демократските вредности во НАТО; Русија под Владимир Путин; завршување на војната во Авганистан; натпреварот со Кина и освојувањето на технолошката битка во дигиталната ера.