ЕП: Скопје и Софија да изнајдат взаемно прифатливо решение

Европскиот Парламент ја усвои резолуцијата на известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук, со 558 гласови за, 70 против и 59 воздржани.

Извештајот ги поздравува напорите на Македонија во реформите за членство во ЕУ и ги охрабрува Скопје и Софија да изнајдат взаемно прифатливо решение околу спорот поради кој Северна Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ и покрај исполнетите реформи.

„Се надевам дека с. Македонија и Бугарија ќе продолжат со дијалогот за нерешените билатерални прашања за да постигнат одржлив резултат. Постигнување компромис за акциски план со конкретни мерки, чија имплементација би се проценувал редовно согласно Договорот за пријателство, би го рестартирало процесот и би му овозможило на Советот да ја свика првата меѓувладина конференција што е можно поскоро“, изјави известувачот за Македонија, Илхан Ќучук.