Македонија покажа дека иднината во женскиот ракомет може да биде многу посветла откако ракометарките до 17 години го освоија ЕХФ шампионатот.

Но освен победата на ЕХФ купот Теодора Дукоска, Емилијана Ризоска, Бојана Коцева и останатите лавици пред финалето со Исланд ни подарија емотивна изведба на македонската национална химна која е пример и за многу други нивни повозрасни колеги од различните репрезентации.

Слушајте како пејат младите ракометарки и ако сте емотивни на Гоце Делчев, Питу Гули, Сандански….. обидете се да ги спречите солзите.