Дан Оријан, Израелскиот амбасадор во Македонија испрати текст по повод 27 јануари, денот на сеќавање на холокаустот над Евреите. Амбасадорот текстот го испрати до редакцијата на Лидер.

Не забораваме!

Еврејската заедница во Македонија речиси целосно беше уништена (98%) за време на холокаустот. Евреите кои живееле во Скопје, Битола и Штип – 7.144 лица никогаш не се вратија од Треблинка. Во текот на изминатите шест години, како израелски амбасадор во С. Македонија, оддржавме многу посебни комеморативни настани. Секоја година на 11 март, денот кога во 1943 година беа собрани сите Евреи и депортирани во Треблинка, го оддржувавме Маршот на живите во Битола. Овој град, втор по големина во Северна Македонија, имаше развиен еврејски живот помеѓу двете светски војни.

Заедно со Маршот на живите, во последните две години одржавме и натпревари за иновативни проекти поврзани со еврејската историја во Македонија – „БИТАЛОН“, чии што 25 победници потоа заминаа на стартап турнеја во Израел. Минатата година бевме и домаќини и на конкурсот за фотографии под наслов „Сеќавање на Битола 2019“, која потоа се претвори во патувачка изложба на Министерството за надворешни работи на Израел, и траеше повеќе од два месеци. Ова е единствена изложба од ваков вид, што некогаш била прикажана во Министерството за надворешни работи – Марш на живите во мал град, во спомен на буквално изумрената еврејска заедница. Една година подоцна, изложбата беше отворена и во Скопје, со учество на високи преставници, министри и членови на владата и дипломатскиот кор.

Заедно со партнери од Северна Македонија, организиравме и издание во спомен на еврејската заедница во оваа земја, а презентацијата беше во Битола, со учество на меѓународни делегации, познати културни дејци, политичари, новинари и јавни личности. Меѓу нив беа и преставници на театрите Хабима и Камери, кои откако се вратија во Израел ја раширија информацијата за овој важен проект. Главен партнер на сите овие програми е Здружението за зачувување на наследството на Битола од Израел, предводено од д-р Рахел Леви Друмер, академски секретар на Универзитетот Бар Илан, која е родена во Македонија.

Маршот на живите беше откажан оваа година, поради ситуацијата која го зазеде светот, пандемијата со Ковид 19. Но, решивме повторно да изнајдеме начин, поинаков, со цел да го зачуваме споменот на Евреите од Македонија. Токму јас го избрав проектот на Маја Суша, член на Еврејската заедница во Скопје, во кој беа вклучени ученици со посебни потреби, а ги изработија и специјалните свеќници по повод празникот Ханука. Овој проект го носеше името „1000 МЕНОРИ“. За овој проект разговарав и со претседателот Пендаровски, при неговата последна посета на Израел, минатиот јануари, а во декември тој ги покани учениците во неговиот кабинет за заедно да ги запалат свеќите за Ханука, во спомен на македонските евреи, жртви од холокаустот. Овој проект обедини три многу важни теми за односите меѓу Израел и Северна Македонија, кои во декември 2020 го одбележаа и јубилејот од 25 години од воспостанување на дипломатските односи, а трите важни сегменти во нашата соработка е еврејското наследство, иновациите и интеграцијата на лицата со посебни потреби.

Од моментот, кога проектот започна да се развива, доби огромна поддрша од јавноста во Израел, Македонија, но и целиот свет. Од израелската страна учествуваше и директорот на Сухнут, Светската Еврејска Агенција, Јицак Херцог. Палењето на свеќите за Ханука беше пренесувано во живо на Фејсбук, но и на страницата на Израелското Министерство за надворешни работи и во Кабинетот на претседателот на Македонија.

Претседателот на Северна Македонија ја запали и специјалната Ханукија, изработена од израелскиот скулптор Мати Гринберг. На самиот свеќник – ханукија беше изгравиран и датумот за паметење, 11 Март 1943 година, а инаку Мати Гринберг е последното еврејско дете родено за време на војната во Македонија. Во блиска иднина и неговата комеморативна скулптура – Сончевиот часовник со дијаметар од 9метри – ќе биде поставен во Македонија во спомен на исчезнатата еврејска заедница од земјата.

Илјадници луѓе го следеа преносот во живо на Фејсбук, а во него учествуваа и десетици високи преставници на владата на Израел, претседателот на Кнесетот, претседателот на Израелско – македонското парламентарно пријателство, членови на Кнесетот, млади луѓе од организацијата Идп Фидп, кои требаше да маршираат со нас оваа година на Маршот на живите. Голем број на градоначалници се вклучија во проектот, градоначалникот на Ерусалим, Модина, Ашдод, Кфар Саба, Киријат Оно, Петах Тиква, Бијамина, Раана, Емек Хефер, Бат Јам запалија свеќи за Ханука и дадоа изјави дека палењето е посветено на сеќавањето на еврејската заедница во Македонија. Во градот Киријат Оно, највисоката висококатницата беше осветлена во боите на македонското знаме.

Во многу градови градоначалниците исто така активираа и голем број на организации да се вклучат во проектот, кои работат со лицата со посени потреби и млади изложени на ризик. Беше многу возбудливо да се видат илјадници луѓе како зборуваат за малата еврејска заедница, чија што историја, до неодамна, скоро никој не ја знаеше. Покрај општинските власи, ни помогна и фондацијата Керен Шалом и организацијата Еврејски Импакт, предводена од Роберт Сингер. Макаби Тел Авив, кошаркарскиот тим, оддржа специјален настан за комеморација на изгубената заедница, која беше пренесувана во живо на Фејсбук. Многу институции ни се приклучија, Израелски амбасади од многу земји низ светот, од Киев, Санкт Петерсбург, Торонто, Хонг Конг и други оддржаа комеморативно осветлување на свеќите за Ханука. Но, највозбудливиот настан беше акцијата на младите тинејџери во јужен Израел. 7144 тинејџери ги запалија свеќите, а на секоја стоеше едно име и презиме на убиените од холокаустот. Се запалија свеќи за Ханука во спомен на секоја жртва.

Илјадници свеќници за Ханука беа запалени и во Македонија, во Битола беше запалено низ оградата на античките еврејски гробишта, што вее неколку години се обидуваме да ги направиме спомен – место. (Таму беа исчистени 4000 плочи, повеќе од 1000 беа со натпис на хебрејски јазик). Истотака свеќници запалија и верските лидери во Скопје.
На сите овие настани присуствуваа млади луѓе со посебни потреби и сметавме дека е многу важно да ги имаме за наши партнери во овој проект. На крајот на краиштата, тие луѓе беа први убиени од нацистите, и затоа денеска ти ја прават нашата акција уште поважна и значајна. Поради тоа последните години тие се присутни на сите наши настани и одбележувања во Северна Македонија, тие маршираа со нас и на маршот на живите.

Оваа година не сум сигурен дека ќе можеме да го оддржиме повторно Маршот на живите, во март. Најверојатно не, поради пандемијата. Но, сепак изнајдовме начин да одадеме почит и сеќавање на малата еврејска заедница во Македонија, која беше уништена за време на холокаустот“.

Дан Оријан,
Директор на Балканскиот оддел при МНР на Државата Израел и Амбасадор на Државата Израел во Р.С. Македонија