Новата амбасадорка на Израел во Македонија Симина Франкел во интервју со уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев вели дека Израел има блиски односи и со Русија и со Украина и дека затоа се обидува да посредува да се дојде до мир.
Амбасадорката Франкел смета дека обвинувањата на Москва за нацизам во Украина не се во ред затоа што тоа е навреда за жртвите на холокаустот.
Во продолжение дел од интервјуто на Франкел за Радио Лидер:
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Ќе ве прашам директно. Путин вели дека во Украина постои нео-нацистишки режим и со војната таму Русија прави денацификација на Украина. Но, од друга страна господинот Зеленски е Евреин, значи дека не може да биде анти-семитист…
амб. СИМИНА ФРАНКЕЛ: Сметам дека секоја споредба со нацизмот е деградирање на холокаустот. Холокаустот е феномен кој се случи еднаш и не може да се повтори, се надеваме дека нема да се повтори. Мислам дека реферирањето кон нацизмот во политичките настани е деградирање на холокаустот и на жртвите на холокаустот, па не треба да ја правиме оваа споредба. Треба да ја избегнуваме.
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Но исто така постојат екстремно десни групи во Украина…
амб. СИМОНА ФРАНКЕЛ: Екстремно десни групации постојат сегде, проблемот е на владите да се справат со нив за да нема анти-семитистички дејствија и дејствија кои ќе наштетат на никој од граѓаните. Независно во која земја.
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Во “Times of Israel” прочитав брифинг за преговорите под медијација на премиерот Бенет. Позициите се сменети па Русија сега не сака демилитаризација на цела Украина туку само на регионот Донбас. Во исто време, Зеленски јавно кажа дека Украина се оладила за идејата да се приклучи кон НАТО и дека е подготвен да разговара за статусот на Крим и регионот Донбас. Дали сметате дека се ова е остварување на израелската дипломатија? Во исто време се гледа дека САД не се толку агресивни во реториката како што беа на почетокот од војната…
амб. СИМОНА ФРАНКЕЛ: Не знам. Само сметам дека се што може да биде направено и секоја напредок во позициите на Украина и Русија низ преговорите е позитивен знак, независно кој и да го постигнал ова. Ако овие нови позиции се поради залагањата на премиерот Бенет, нека биде, но секој напор што ќе доближи двете страни и ќе сопре огнот е добредојден.
Целото интервју на овој линк