Белата куќа ја опиша како „длабоко вознемирувачка“ снимката од погребот на новинарката на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех во Ерусалим, на која се гледа како израелската полиција ги тепа ожалостените во погребната поворка.

Убиена новинарка на Ал Џезира во израелски напад на Западен Брег

„Сите ги видовме овие сцени, кои се очигледно длабоко вознемирувачки“, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа Џен Псаки и изрази жалење поради упадот во погребната поворка, која требаше да помине мирно и да биде посветена на сеќавањето на исклучителната новинарка.

Европската унија, исто така, го осуди насилството, велејќи дека е „згрозена од сцените“, како и несразмерната употреба на сила и непочитувањето на учесниците на поворката, оценувајќи ја како мирно простување, а не малтретирање и понижување, како и жалење во мир, со израз на минимална човечка почит, објавија израелските медиуми.