Израел синоќа возвратил на ракетите истрелани од територијата на Либан, јавуваат израелски медиуми.
„Шест ракети беа истрелани од Либан кон северен Израел. Сите тие паднаа на либанска територија. Како одговор, нашата артилерија отвори оган кон местата од каде беа истрелани овие ракетите”, се вели во порака од израелската војска, објавена синоќа на Твитер.
Помеѓу 10 и 16 мај, Хамас и другите исламистички групи истрелаа над 3.000 ракети кон израелска територија. Исто така, имаше гранатирање против Ерусалим, Тел Авив и другите градови во централниот дел на земјата.
