Израел го уби вториот врвен милитант од палестинската група Исламски џихад (ПИЈ), додека бројот на жртвите продолжува да расте од воздушните напади во Газа.

Шест деца и неколку борци на ПИЈ – вклучително и водачите Калед Мансур и Тајсер Џабари – се меѓу 32-та Палестинци кои се пријавени дека загинале, пренесува Би-Би-Си.


Речиси 600 палестински ракети и минофрлачи се истрелани врз Израел од петокот, изјави израелски претставник.

Израел вели дека ги започнал операциите поради „непосредна закана“ од ПИЈ.

Последното насилство е најсериозното разгорување меѓу Израел и Газа од 11-дневниот конфликт во мај 2021 година кога загинаа повеќе од 200 Палестинци и десетина Израелци.