Израел не го убедувал Зеленски да попушти на барањата на Путин

Висок украински советник и израелски функционер денеска го оспорија медиумските извештаи според кои израелскиот премиер се обидел да ја убеди Украина да попушти на руските барања.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Израелски Walla News, Jerusalem Post и американскиот портал Axios, лиферуваа таква вест цитирајќи неидентификуван украински функционер, дека Бенет ја повикал Украина да направи отстапки за Русија.

Израел, „исто како и другите условни посреднички земји, НЕ ѝ нуди на Украина да се согласи со какви било барања на Руската Федерација“, напиша украинскиот советник Михаило Подољак на Твитер.

Висок израелски функционер, кој побара да остане анонимен, изјави:

„Премиерот Бенет во ниту еден момент не го советуваше претседателот Зеленски да постигне договор со Путин – затоа што таков договор не му беше понуден на Израел за да можеме да го сториме тоа“, рече претставникот.

„Бенет никогаш не му кажал на Зеленски како да продолжи и ниту има има намера“, додаде тој.