Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека станува збор за „голема трагедија“ која се случила кога ултраортодоксни Евреи во голем број поминале низ гробницата на мудрецот од вториот век, рабинот Шимсон Бар Јочај, за време на комеморација која вклучува бдение, мистични песни и танцување, пренесува Ројтерс.
Очевидци велат дека луѓето се задушиле или биле прегазени во тесни премини, а повредените биле превезувани со хеликоптери до болниците.
Службениците за вонредни состојби го опишаа инцидентот како „стампедо“ и рекоа дека повеќе од 100 лица се повредени, од кои многу се со смртни повреди.
Канал 12 објави дека има 40 мртви, а очевидци додаваат дека меѓу нив има и деца.
Весникот Харец објави дека има најмалку 44 мртви, и дека 38 лица веќе биле критични на местото на несреќата, додава Би-Би-Си.
Гробот на планината Мерон се смета за едно од најсветите места во еврејскиот свет и секоја година го посетуваат многу верници.
Ова е еден од најголемите јавни собири во Израел од почетокот на пандемијата на вирусот корона, а минатата година собирот беше забранет поради ограничувачки мерки.
