Шведската еко-активистка Грета Тунберг се влета во уште еден скандал, овојпат поврзан не со екологијата, туку со војната во Израел, пренесува Politico.
Израелската војска во петокот ја критикуваше Тунберг откако испрати порака за поддршка на Палестинците во кој се вели дека „геноцид“ се случува во Газа.
Тунберг рече дека „светот мора да проговори и да повика на итен прекин на огнот, правда и слобода за Палестинците и за сите погодени цивили“.
Тунберг на својот Инстаграм профил сподели и објава од пропалестински профил со седиште во Германија во која се вели дека во Газа се случува „геноцид“.
Арие Шаруз Шаликар, портпарол на израелската војска, изјави за Политико:
„Кој во иднина на кој било начин се идентификува со Грета, според мене, тој е поддржувач на тероризмот“.
Тој додаде:
„Грета се солидаризира со Газа без да каже ниту збор за масакрите на Израелците. Тоа покажува дека таа навистина не е наклонета кон Палестинците, таа го брише теророт на Хамас и Исламскиот џихад под маса како да не постои.”
Ари Шаруз Шаликар подоцна се извини за неговите изјави за поддржувачите на Тунберг и рече:
„Зборував од длабока болка и моите зборови не ги одразуваат моите лични ставови или оние на израелските одбранбени сили“.
