Израел забрани влез за сите странци на негова територија.

Причината е ширењето на новата варијанта на коронавирусот, откриена во јужниот дел на Африка, објави Ројтерс.

Премиерот Нафтали Бенет рече дека забраната, која треба да биде одобрена од кабинетот, ќе трае 14 дена.

Израел го регистрираше првиот случај на нова африканска варијант, ушре две лица исто така, најверојатно се заразени, и чекаат резултати од тестот додека се во карантин.

Израел стана првата земја која целосно ги затвори границите поради варијантата Омикрон. Досега локалните власти имаат идентификувано еден случај, а има уште 77 сомнителни случаи.