Израелската армија (IDF) фрли летоци над Газа во кои ги предупредува жителите да не се враќаат во своите домови на северот од Појасот.
Според израелската армија, областа сè уште е воена зона, и покрај четиридневниот прекин на огнот што започна утрово.
Портпаролот на IDF , Авичај Адраи, на арапски јазик издаде слична изјава во која им порача на жителите на Газа дека војната не е завршена.
Палестинските власти ги повикуваат раселените жители на Газа да се вратат во своите домови по почетокот на прекинот на огнот.