Министерство за надворешни работи соопшти дека престојот на делегацијата предводена од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова во Република Македонија бил пријавен по дипломатски пат преку Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Јотова оствари средба со претставници на Бугарите во Македонија во бугарското дипломатско претставништво, но не било побарано и средби со официјални претставници од земјава.
„Информираме дека во однос на престојот на потпретседателката не се побарани средби ниту други програмски содржини и нејзиниот престој и транзит низ земјава е во организација на Амбасадата“, соопштија од МНР.
Според бугарски медиуми, на средбата потпретседателката упатила порака дека „ако Бугарите не бидат запишани во Уставот, ви велам – нема да има ниту педа напредок во преговорите на Македонија за европско членство.
Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај од страна на ЕК и мисијата на ЕК, со кои ќе се почнат вистинските преговори“, што е „посредна“ порака упатена до македонските власти.
Јотова во Скопје:Ако Бугарите не влезат во уставот, Македонија нема да мрдне ни педа кон ЕУ
Јотова вчера беше во посета на Косово на покана на претседателката Вјоса Османи, а ккоко што беше јавено, таа требаше да ги посети областите Гора и Жупа каде според неа живет луѓе со бугарска самосвест.
Јотова и во Косово пронајде „Бугари“ – ќе ги посети Гора и Жупа.
