Тројцата министри на СДСМ Каја Шукова, Славјанка Петровска и Оливер Спасовски кои велат дека за рудниците Иловица – Штука биле излажани од министерот за економија Крешник Бектеши можат кривично да го гонат тој што го измамил ако навистина не знаеле за што гласаат на седница на влада.

Пратеникот и шеф на собраниската комисија за надворешна политика Антонијо Милошоски вели дека случајот со министерот Бектеши, кој ги довел во заблуда членовите на влада Спасовски, Шукова и Петровска да гласаат ЗА струмичките рудници, отвара сериозна тема за многу други владини решенија.

Милошоски прашува колку владини одлуки се досега донесени од министри кои биле доведени во заблуда, а врз основа на неточни податоци (Бехтел& Енка, прекинување на градбата на клиничкиот во Штип, солидарниот данок, асфалтни бази, концесии за мермер итн.)?

,Дали во владата не функционираат комисиите и генералниот секретаријат кои ги проверуваат материјалите и ги подготвуваат одлуките пред седница, прашува Милошоски кој сака да знае и Дали министрите кои изјавија дека измамени гласале за одлука, или Јавниот обвинител по службена должност, ќе побараат кривична одговорност за министерот Бектеши , согласно член 247 од КЗ?

Милошоски прашува и дали премиерот Ковачевски бил на седница, како гласал и дали и тој се чувствува измамен од министерот Бектеши, исто како Спасовски, Петровска и Шукова?

Ковачевски засега молчи за лагите на Бектеши на седница на влада.

Во нормална држава досега премиерот би побарал оставка или би го сменил Бектеши но во Македонија премиерот молчи.