И покрај тоа што цените на бензините особено дизелот се речиси за половина поефтини од пред една година цените на огромен број на производи за широка потрошувачка не ги намалуваат своите продажни цени.
Многу компании, бизнис асоцијации и владата тврдеа дека цените на производите во значаен дел се зголемени поради повисоката цена на нафтените деривати но сега нема одговор зошто цената на производите не се намалуваат паралелно со падот на набавните и цените на светските берзи.
Најважен дериват кој најмногу учествува во цената на производите е дизелот чија цена сега е драматично помалаа од лани но тоа не е причина да купуваме поефтини производи.
Дизелот беше 120 денари, сега падна на 67 денари.
До кај сме со цените на производите што се покачија поради покачените цени на нафтените деривати?
— Ебачот од Никарагва (@cherga_omnes) May 5, 2023