„Излези момче“ ечеше во Риека во чест на македонските ракометни надежи (ВИДЕО)

Малата, но одбрана „чета“ македонски навивачи на трибините во Спортскиот центар „Замет“ во Риека со „Излези момче“ го награди уверливиот триумф на машката ракометна репрезентација на Македонија од 29:20 против Црна Гора во второто коло на мундијалот во Хрватска.

По бравурозната интервенција во 57. минута на голманот Иван Галевски при водство од 26:18 од грлата на фановите во црвено-жолти дресови спонтано се разлеа добро познатиот рефрен на „македонската фаланга“:

https://www.youtube.com/live/X8A8pxvhrLo?feature=share

Фото: 24ракомет.мк