Изјавата на Мас може да се толкува како притисок на Германија врз Македонија, смета бугарски експерт

Спас Ташев од Бугарската академија на науките (БАН) ја оценува како притисок врз Македонија изјавата на министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, дека Европската унија мора да ги штити интересите на Бугарија како нејзина членка.

„Треба да ја искористиме желбата на Германија да го придвижи проширувањето на ЕУ. Ако ние не можеме да извршиме притисок врз македонската Влада, Германија неспорно има многу поголеми механизми за дејствување и таа може да изврши таков притисок Северна Македонија да се сообрази до голем степен со реалностите“, изјави историчарот и демограф за БТВ.

„Треба да се потцрта дека, ако до неодамна не сите наши европски паретнери ја разбираа бугарската позиција, денеска Хајко Мас изјави дека, додека Македонија и Бугарија не најдат решение за овие противречности, проширувањето на ЕУ може и да запре, што покажува доближување на Берлин до нашето мнение, што од своја страна покажува еден позитивен развој. Оваа германска позиција може да се разгледува и како притисок врз Скопје. Ние досега сметавме дека Бугарија е подложена на некаков притисок“, додаде тој.