„Јавно прашање за Бујар Османи: Дали беше во службена, или приватна посета во Будимпешта кога се сретна со Никола Груевски?“ – ова прашање преку фејсбук му го упати вечерва Изет Меџити, лидерот на опозициското Демократско движење на Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Република Македонија.
Пренесувајќи на објавата на Меџити на неговиот фејсбук-профил, ТВ Алсат пишува: „Прашањето на Меџити уследува по измените, кои ги направи Владата во Казнениот закон, преку кои албанската опозиција обвинува дека е изготвена и обезбедена амнестија за поранешниот премиер Никола Груевски.“
„Никола Груевски ги демантираше овие информации.“