Пред преполна сала вчера попладне во хотелот „Хилтон“ во Скопје се одржа основачкото Собрание на „Демократското движење“ а за претседател на партијата е избран Изет Меџити , некогашен член на таканаречените „огнени“ од ДУИ.
Ден претходно, во саботата, и Аријанит Хоџа, поранешниот потпретседател на БЕСА, ја регистрираше „Европската демократска партија“.
Таравари: 10 партии на Албанците, станавме предмет за исмевање
Партијата, Меџити ја основа по по 20 години членство во ДУИ каде долги години беше и потпретседател на „интегративците“.
Тој во неговиот говор рече дека одлуката за новото движење не дошла од алчност туку од свесноста, да се биде водач и да се придвижат работите напред.
„Гневот не не донесе овде, туку свеста. Тука не не доведе алчноста, туку волјата не инспирираше. Не се обединивме за да бидеме против, туку за да бидеме лидери. Не се собравме поради гневот, туку поради ентузијазмот.
Не се движевме од лична инерција туку од одлучноста за да ги придвижиме работите за општо добро преку личен придонес. Сепак, најточниот одговор е во самото име на структурата што ја основаме денес. Од многу страни предложија името да биде Демократско движење.
Таквото име имплицира дека сме во вистинска, моќна, инклузивна и претставничка демократија.“, изјави Меџити.