Александар Даштевски е новиот претседател на Државната изборна комисија кој го менува досегашниот претседател Оливер Дерковски.

На гласањето во Комисијата која решава за оваа материја ДУИ ја поддржала Дитмире Шеху, која продолжува да ја врши функцијата потпретседателка на ДИК како и досега.

Втор член кој добил поддршка од ВМРО-ДПМНЕ е Бобан Стојаноски, кој работи како правник во Собранието.

СДСМ дал поддршка за нов мандат на Борис Кондарко и Радица Ристеска, кои се актуелни членови, а како трет кандидат со поддршка од Бихаќка е поранешниот заменик-министер за правда Оливер Ристовски.

Алијансата за Албанците, која е во коалиција со Алтернатива го поддржа за член Кренар Лога, правник од Струга.

На огласот за ДИК се јавија вкупно 14 кандидати. Вчера Комисијата за прашања за изборите и именувањата ја утврди листата и ја достави до Собранието коентееба да даде финална оценка и да го изгласа новиот состав но откако партиите веќе сее договориле јасно е дека овие луѓе се дел од новиот ДИК.