Изборот на Ристо Пенов за министер денеска пред пратениците

Собранието денеска се очекува да отвори дебата за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, откако неговиот сопартијец и претходник Горан Милевски поднесе оставка на функцијата од лични причини.

Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. собраниска седница, на која денеска се најавува и присуство на премиерот Димитар Ковачевски.

Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Тоиј е еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател.