Во Грција денесдка се одржуваат парламенртарни избори, први избори откако економијата на земјата повеќе не е предмет на строга контрола од меѓународните кредитори за време на речиси 10-годишната финансиска криза.
Двајцата главни ривали на изборите се конзервативниот премиер Киријакос Мицотакис (55) и поранешниот банкар образован на Харвард Алексис Ципрас (48), кој ја предводи левичарската партија Сириза, пренесува АП.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека партијата на премиерот Кирјакос Мицотакис, конзервативната Нова демократија, е пред левичарската партија Сириза на Алексис Ципрас, која владееше со Грција од 2015 до 2019 година во екот на грчката должничка криза, објави Ројтерс.
Новиот изборен систем, делумно пропорционален, значи дека победникот нема да биде веројатно доколку не освои повеќе од 46 отсто од гласовите, по што двата главни ривали ќе треба да најдат потенцијални сојузници или, поверојатно, ќе се одржат нови избори во месечно.според агенцијата.
По изборите, доколку се потврдат прогнозите, трите водечки партии – Нова демократија, Сириза и социјалистички ПАСОК ќе имаат по три дена да се обидат да формираат влада.
Нова демократија, со рејтинг од 32 до 37 отсто, теоретски би можела да ги здружи силите со ПАСОК, кој е на третото место со прогноза од 8 до 11 отсто поддршка.
Сепак, премиерот Мицотакис (55) во интервју за Ројтерс рече дека би сакал силна еднопартиска влада.
Поддршката за Сириза се движи меѓу 27 и 31 отсто, а анкетите покажуваат дека Сириза ќе мора да се здружи со повеќе од две партии, вклучувајќи го и ПАСОК, за да освои мнозинство во парламентот од 300 места.
Еден од потенцијалните партнери на Ципрас би можел да биде неговиот поранешен министер за финансии, марксистот Јанис Варуфакис, кој ја предводи малата партија Мера25.
Сепак, односите меѓу двајцата се заладија од 2015 година и Варуфакис ја отфрли можноста да влезе во коалиција со Сириза.
Грчката комунистичка партија, која има поддршка од пет до шест отсто од гласачите, која исто така ја отфрли можноста да влезе во коалиција или да поддржи малцинска влада.
